Православните христијани во недела го празнуваат празникот посветен на Светата преподобна маченичка Параскева, во народот позната како Св.Петка. Традиционално празникот масовно се одбележува во манастирскиот комплекс посветен на оваа светица во Велгошти, охридско, кој плени со мир и спокојство.

Во очи празникот го реобјавуваме краткиот видео прилог снимен за Манастирот св.Петка во Велгошти кој е едно од најголемите светилишта во охридскиот крај.