Во 35-то коло од Премиер Лигата на програмата се две градски пресметки. Во  Манчестер на градскиот стадион ќе се судрат Манчестер Сити – Манчестер Јунајтед додека во Лондон на Вајт Хат лејн Тотенхем – Челзи.

Натпреварите се од исклучително значење за тимовите бидејќи гостите Јунајтед и Челзи се борат за тронот во Премиер Лигата, додека “граѓаните“ и “петлите“ се во мртва трка за 4-то место кое води во Лигата на Шампиони.

Во првите натпревари поуспешни беа домаќините. Челзи со убедливи 3-0 го совлада Тотенхем. Битката за Манчестер му припадна на Јунајтед победувајќи го Сити со 4-3.