Сензационален трилер натпревар на отварањето на 27-от Афрички Куп на Нациии  одиграа селекциите на Ангола и Мали.

Домаќинот Ангола на отворањето прокоцка предност од четири гола кој ја имаа се до 79-та минута. Флавио на два пати, еднаш Џилберто и Манучо беа стрелци за Ангола додека враќањето од мртвите за репрезнтацијата на Мали го најавија Кеита и Кануте постигнувајќи два односно еден погодок, додека конечните 4-4 ги постави Јатабера во петата минута од продолжението на натпреварот.  

Денес со натпреварот Алжир – Малави ќе се комплетира групата А.