Малезискиот патнички авион кој се урна на територијата на Украина близу руската граница, бил соборен, соопшти „Си-Ен-Ен“.

Како што пренесуваат светските медиуми, во авионот имало 280 патници и 15 членови на екипажот, а агенциите, повикувајќи се на различни извори, веќе јавуваат дека нема преживеани.

„Интерфакс“ повикувајќи се на анонимен извор од рускиот авиосектор, пренесува дека непосредно пред несреќата авионот се движел речиси во иста насока како и авионот на рускиот претседател, Владимир Путин.

Боингот летал од Амстердам за Куала Лумпур. Пред да навлезе во воздушниот простор на Русија авионот почнал да понира, а подоцна очевидци го забележале запален на украинска територија.

Поголемиот број меѓународни авиокомпании соопштија дека ќе ги запрат или пренасочат летовите над источниот дел од Украина.

OhridNews

фото: „Eyewitness“