„Интелектуалците на Балканот се тесно поврзани со политиката, што всушност ги прави државни а не слободни интелектуалци, смета професорот Стефан Влахов Мицов – еминентен интелектуалец од Бугарија.
Таквата спрега во голема мера е насочена во негирање на основните белези на македонкиот идентитет како што е јазикот, вели Влахов Мицов. Тој не го дели мислењето на голем број бугарски интелектуалци, кои како и многу нивни колеги од другите соседни земји го негираат постоењето на македонската нација.
Стефан Влахов Мицов е учесник на 11-та Охридска ПЕН конференција, која годинава се одржува на тема Слободата и стравот.
На конференцијта во Охрид учествуваат 20 претствници на ПЕН центри од странство и уште толку писатели од Македонија. Во рамки на конференцијата денеска ќе се одржи редовниот состанок на Комитетот за превод и јазични права.