Боби настапи со песната “Алилуја“ која го воодушеви стручното жири, кое едногласно одлучи младиот македонски пеач да учествува во големото финале. Членовите на жирито на Боби му предвидуваат блескава кариера.
Боби Андонов публиката во Македонија го памети и по настапот на детскиот Евросонг, а своевремено како дете во Австралија настапи и со легендата на македонската музичка легенда Тоше Проески.
извор: Informator.ws