Седум плус (4-3) во корист на “македонскиот“ тим заврши дерби пресметката во чешкиот шампионаот меѓу Млада Болеслав и Викторија Плзен. Македонските интернационалнци Владимир Димитровски го одигра целиот меч додека Гоце Толески го одигра последниот пола час во големата победа на тимот на Карл Станер, кој е првиот кој успеа да ја совлада Викторија по 13 одиграни рунди во шампионатот.


Димитровски во 68 минута го постигна првиот гол во сино – белиот дрес, по кој домаќините се одлепија на 4-2. Напаѓачот Толески кој третиот меч го започна од клупата е задоволен од текот на настаните во новиот клуб.– Постигнавме голема победа, полека влегувам во посакуваната форма, но мора да истакнам дека овде конкуренцијата е доста жестока, а за мене е мал хендикеп што покасно се приклучив во тимот – вели Толески. 


Тренерот на домаќините Станер  не го криеше задоволство по големата победа. –  Се` гледано беше атрактивно за гледачите иако ние тренерите не сме баш задволни од одредени ситуации, по кои паднаа головите. Јас сум среќен што  ние сме првиот тим кој го победил Плзен. – истакна Станер.

По тринаесет одиграни кола Млада Болеслав се наоѓа на третата позција со единаесет бода заостанување зад лидерот Викторија Плзен.

М.П.