Спотот „Македонија – вечна“ што го изработи познатиот режисер Милчо Манчевски од денеска ќе се емитува на Си-Ен-Ен и на уште десетина други светски телевизии. Приказната за нашата земја е раскажана преку едно девојче кое разгледувајќи волшебна сликовница патува во една земја на чудата – Македонија.
– Најважно ни беше да направиме проект по највисоки стандарди, без извинување и без оправдување оти татковината се брани со квалитет, рече на промоцијата режисерот Манчевски. Се очекува спотот за Македонија денеска да го видат милиони гледачи ширум светот, бидејќи тој ќе почне да се емитува на католички и протестантски Божик кога сите седат дома.