Младите рокери „Некст Тајм“ со песната „Нешто што ќе остане“, ќе ја претставуваат Македонија на изборот за песна на Евровизија, што оваа година ќе се одржи во Москва. Тие собраа најмногу поени од телевоутингот што им овозможи и покрај послабиот пласман според жири комисијата,  на крај да триумфираат со 19 поени, еден повеќе од Калиопи и Наум Петрески.

На второ место се пласираа Калиопи и Наум Петрески со етно денс композицијата „Рум Дум Дум“, кои со тоа обзбедија настап на реномираниот регионален фестивал „Сунчане Скале во Херцег Нови.

И покрај “изненадувачкиот“ епилог, годинешниот национален избор на песна за Евровизија, впечаток беше дека квалитативно отскокнува од минатите изданија, како во музичкиот така и во организацискиот дел. Годинава за разлика од порано победникот на националниот избор на песна за Евровизија се избираше со комбинирано гласање 50-50 од гласовите на жири комисијата и телевоутингот.

Ohridnews