Македонската фудбалска репрезентација пропушти убава можност  да ја порази 29 -рангиранта селекцијата на Полска, учесник на ЕП 2008. Црвено – жолтите преку Мазнов дојдоа во предност.

Селекторот Катанец по средбата изрази задоволство од прикажаната игра, но и жалење за испуштените шанси:
Добро одигравме за овој период од годината, кој не е баш најповолен бидејќи некои од играчите беа на одмор, некои дојдоа уморни, но мислам дека и подготовките и натпреварот ги одработивме професионално. Штета што не победивме.

Несреќна за нас 83. минута кога капитенот Седлоски нафрлената топка од корнер ја зафати со глава но несакајќи со рака по што главниот судија Брих покажа на белата точка.

Мислам дека испуштивме победа неискористувајќи неколку шанси но и со моето несакано играње со рака. Ја избив топката со глава, но ме удри ненамерно со рака. Судијата свирна пенал, но мислам дека бидејќи немаше намера можеше и да не го санкционира овој момент.  истакна по мечот нашиот капитен.

ohridnews