Македонската фудбалска репрезентација вечерва 20.30 (Пренос Сител) го игра пријателскиот дуел со селекцијата на Полска.

Здравствениот билтен е поволен и повредата на капитенот Седлоски, рекордерот по бројот на настапите во државниот дрес е успешно санирана, па така можеме да очекуваме пред голот на Милошевски да се најде стандардниот бедем.

Еден од оние кои со нетрпение го очекуваат овој дуел бидејќи се игра во Германија е нашиот интернационалец од Енерџи Котбус, Игор Митревски.

Со задоволство ќе го одиграм овој натпревар бидејќи се игра тука во Германија каде што и јас настапувам. Токму тука одигравме одлично против Еквадор и Турција и забележавме две победи. Ова е знак дека и овојпат ќе биде неизвесно и борбено.


Македонија и Полска играле меѓусебе еднаш, во 2003 година на неутрален терен во Сплит, а славеа Полјаците убедливо со 3-0.

ohridnews