Македонската фудбалска А репрезентација успешно го преброди финалниот натпревар од баражот, победувајќи ја Грузија со минимални 1-0 на „Динамо Арената“ во Тбилиси. Големиот успех на „црвено жолтите“ еуфорично и со моќна порака го прославија коментаторите во националниот сервис, Тони Стојаноски и Горан Стерјов, кои никого не оставија рамнодушен покрај малите екрани.

Добра вест пристигна синоќа од МТВ, откако одговорните информираа дека националниот сервис комплетно ги откупи правата за Европското првенство, кое ќе биде со македонски шмек на терените.

OhridNews