Во инцидент кој се случил синоќа македонски државјанин е повреден, откако физички бил нападнат од непознато лице во Задар, градот домаќин на натпреварите од главната фаза на на светското ракометно првенство.
Хрватската полиција соопштува дека на македосниот навивач му биле нанесени полесни телесни повреди, откако физички бил нападнат и неколку пати удрен во главата со дрвена палка. Повредениот е идентификуван како Коле Поповски (42) од Скопје. Денеска тој даде изјава за хрватските медиуми во која не го криеше разочарувањето од дочекот во Задар.
Во
Задар има околу 2,000 македонски навивачи, кои допатуваа за да ја
бодрат македонската репрезентација во четвртфиналните натпревари на
ракометниот Мундијал.
Ова е уште еден инцидент во серија откако
прво беа трганати занмињата на земјите учесници од центарот на градот,
а потоа во хотелот каде се сместени репрезентациите имаше лажна дојава
за поставена бомба.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com