Мајорка го заврти мечот со Леванте во своја корист, победувајќи со 2-1, откако по првите 45 минути гостите имаа предност од 1-0. Уругваецот Стуани во 26 минута го отвори резултатот.


Избраниците на Михаел Лаудруп во 64 минута преку Пареира ја анулираа предноста додека резервистот Вебо во 85 минута го комплетираше пресвртот.

По девет одиграни кола со третиот триумф на домашен терен  Мајорка се искачи на седмото место, додека Леванте остана над местата кои водат во понизок ранг.

OHridnews