Нероазурите во “Дербито на Италија“ на Џузепе Меаца со 2-0 го совладаа Јувентус. Со оваа победа избраниците на португалскиот стратег Жозе Мурињо избија на челната позиција во Серија А. Македонскиот репрезентативец Горан Пандев одигра солидни 60 минути во победата над Старата Дама.



Интер отпорот на Јувентус го скрши во 75 – та минута преку бразилскиот интернационалец Маикон, додека конечните 2-0 ги постави камерунскиот ас Самуел Ето во финишот на натпреварот. Јувентус од 40-та минута играше со фудбалер помалку откако главниот судија Дaмато му покажа два жолти картони на Мухамед Сисоко. 

Табела: Интер 70, Рома 68 (-1), Милан 64 (-1), Палермо 54 (-1), Сампдорија 54 (-1), Јувентус 51

ohridnews