Македонскиот репрезентативец во редовите на Веспрем, Дејан Манасков постигна маестрален погодок на дуелот со Спортинг во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. Манасков добрата полуконтра на својот тим ја капитализираше со погодок од зад грб, кој заслужено се најде на првото место во изборот на најдобрите.
Погодокот на Манасков и останатите кои ги одбележаа реванш мечевите можете да ги погледнете тука, на овој линк погледнете ги најдобри одбрани, а на овој најдобрите ракометари.
Идеален тим:
Лево крило: Мануел Штрлек (Веспрем)
Леб бек: Расмус Лауге (Фленсбург)
Среден бек: Роман Лагард (Нант)
Десен бек: Алекс Душабајев (Киелце)
Десно крило: Златко Хорват (Загреб)
Пивот: Тиаго Роча (Спортинг)
Голман: Мирко Алиловиќ (Пик Сегед)
OhridNews