Киево го победи Интер со 2-1 и ја продлабочи кризата во куќата на “нероаѕурите“. Пелисие и Маскардели погоодија за “летечките магариња“, додека Ето беше стрелец на почесниот погодок во финишот на мечот. Македонскиот интернационалец Горан Пандев одигра деведесет минути за Интер, но и тој се вклопи во сивилото кое ги зафати актуелните европски прваци.