ГРК Охрид во рамки на 8 коло од Супер лигата го совлада РК Бутел 25:23. Во фиништот на првото полувреме Цејовиќ и Ончев изведоа маестрална бравура која предизвика овации во салата „Билјанини извори“.
Пред се да им честитам на моите соограчи на борбеноста во сите 60 минути. Влеговме во натпреварот 100% сконцентрирани и желни за победа, ги намаливме грешките од првиот натпревар и секој гинеше за секоја топка. Поголемата желба за победа ја имавме ние и го добивме натпреварот. Одиме чекор по чекор, да бидеме подобри на секој натпревар. – изјави за OhridNews бекот на ГРК Охрид Тоше Ончев, кој мечот го заврши со 6 гола.
Во следното коло, претстојниот викенд, ГРК Охрид гостува на Прилеп.
Г.М.