По седум години пауза белградски Партизан повторно ќе биде дел од елитната Лига на Шампиони. Црно – белите слично како пред седум години на легендарниот “Ст.Џејмс Парк“ беа поуспешни од својот противник по изведувањето на пеналите.

Вердер претпре пораз од 3-2 но ја елиминираше Сампдорија. Стрелец на голот во дополнителните 2 по 15 минути беше Пизаро.

Пласман во Лигата на Шампиони по вчерашните натпревари изборија уште Хапоел, Брага и Базел. Денес играт: Тотенхем-Јанг Бојс, Ајакс-Динамо Киев, Оксер-Зенит, Копенхаген-Розенборг и Жилина-Спарта Прага.