Десеткуваниот Баерн Михен гостува кај романскиот Клуж. “Баварците“ со
триумф над третопласираниот Клуж си го визираат пасошот за 1/8 финалето.
По победата на Олимпико, Базел “осоколен“ ќе ја пречека Рома на својот
стадион.
Двојки: Базел – Рома, Клуж – Баерн Минхен
Табела: Баерн 9, Базел 3, Клуж 3, Рома 3.
Избраниците на Карло Анчелоти играат по под полна гас, остварувајќи три
победи во исто толку натпревари. Од таборот на “сините“ најуваат дека
немаат намера тука да застанат. Првиот натпревар помеѓу Челси – Спартак
заврши со 2-0 во корист на четата на Абрамович. Олимпик Марсеј на
Велодром ја оствари првата победа над Жилина, ако триумфира Марсеј а
Спартак биде поразен од Челси, “белите“ ќе замешаат прсти за второто
место во групата.
Двојки: Челзи – Спартак Москва, Жилина – Олимпик Марсеј
Табела: Челзи 9, Спартак 6, Марсеј 3, Жилина 0.
Сите погледи во 4-то ќе бидат в перени на Сан Сиро каде “лежат“ 16
трофеи од Лигата на Шампиони.Првиот од двата натпревари помуѓу Реал
Мадрид – Милан му припадна на “лос бланкос“, на теренот ќе се вкрстат
најдобриот фудбалер од 2005 Роналдињо и освојувачот на “златната топка“
од 2008 португалецот Кристијано Роналдо. Ајакс на гостувањето во
Франција, кај Оксер ќе брка приклучок за второто место.
Двојки: Милан – Реал Мадрид, Оксер – Ајакс
Табела: Реал 9, Милан 4, Ајакс 4, Оксер 0.
Пулените на Арсен Венгер во групата играат како под конец постигнаа 14
погодоци примија само 2. Фудбалерите на Шахјтор Донецк најуваат пекол за
“топџиите“ на стадионот, сакаат да ја продолжат серијата добри
резултати на домашен терен. Првиот натпревар помеѓу Арсенал – Шахјтор
заврши со петарда во мрежата на украинците. Партизан против Брага пред
своите гледаќи ќе ги бркаат првите бодови во овогодинешната сезона од
Лигата на Шампиони.
Двојки: Шахтјор – Арсенал, Партизан – Брага
Табела: Арсенал 9, Шахтјор 6, Брага 3, Партизан 0.