Манчестер Јунајтед ја освои Лигата на Шампиони. До третиот триумф во континеталната лига на шампиони, ѓаволите стигнаа по подоброто изведување на пеналите 6-5.

Од се по нешто имаше на мечот. Два гола, црвен картон како и маратонски 120 минути кои финишираа со пенал рулет.

Јунајтед ја круниса подобрата игра во првиот дел и со осмиот погодок во лигата  на Роналдо дојдоа во предност од 1-0.

Им требаше повеќе време на сините да се отрезнат и да заиграат онака како знаат и умеат. По еден карамбол во финишот на полувремето Лампард по чеврти пат погоди во ЛШ, израмнувајќи на 1-1.

Во второто полувреме се смена сликата на теренот па сините беа тие кои ја контролира играта, најблиску до погодок беше Дрогба кој го здрма дирекот на голот на Ван Дер Сар.

По 90 мин игра немаше победник 1-1 па мечот продолжи со два пати по 15 мин. Во овај дел Гигс ја имаше шансата на мечот но од самата гол линија капитенот Тери ја расчисти опасноста.

Попуштија нервите во финишот на второто продложение, па по едно кошкање меѓу себе Балак и Тевез заработија жолти додека Дрогба црвен.

Следуваше пенал рулетот.

За Манчестер погодија Тевез, Карик, Нани и Харгривс, додеке промашувањето на Роналдо во третата серија им даде шанса на Сините.

Откако Балак, Белети, Лампард и Кол ја затресоа мрежата на Ван Дер Сар, капитенот Тери имаше меч топка. Сепак капитенот подлегна на притисокот и го погоди дирекот.

На голот на Андерсон одговори Калу, додека не одговорен остана погодокот на Гигс. Ван Дер Сар го брани пеналот на Ањелка и небото над Москова се бои во црвено ! !

М.Постоловски