Лондонските сини ја добија првата четвртфинална пресметка на Енфилд откако со 3-1 го совладаа Ливерпул.
Играч на натпреварот беше српскиот интернационалец Ивановиќ кој на двапати ја затресе мрежата на Реина. Третиот погодок беше дело на Дрогба. “Црвените“ први дојдоа до предност Торес но тоа беше сеж што успеаа да направат против расположените “полицајци“ од Лондон.
“Сините“ се на добар пат да се реваншираат по елиминациите во 2005 и 2007 година.
Тројцата амигоси го потопија Баерн Минхен на Ноу Камп. Четврократниот континетален првак со 4-0 претпре тежок пораз кој силно ќе ја затресе клупата на баварците.
Целата приказна беше одлучена во првиот дел. Меси на двапати, Анри и Ето беа стрелци во победата.