Шеста година по ред Реал Мадрид е елиминиран во осминафиналето од Лигата на Шампиони. За сензационалната елиминација на “кралевите“ се погрижи фрацускиот Олимпик Лион., кој ги издржа налетите играјќи 1-1 и со севкупни 2-1 , оди во наредната рунда. Одлично започна мечот за мадриѓани откако во 6 минута најскапиот играч на светот Кристијано Роналдо го отвори резултатот. Следуваа серија промашени шанси, а казната за сите промашувања стигна во 75 минута преку Пјаниќ.

Лион е четвртиот патник во четвртфиналето. Наредниот вторник и среда ќе бидат комплетирани сите патници меѓу најдобрите осум. Жрепката за четвртфиналето ќе се одржи на 19 март.