Бранителот на трофејот Интер, англискиот Тотенхем и бундеслигашот Шалке обезбедија пласман во елиминациската фаза од Лигата на Шампиони. Тимот на Горан Пандев им се врати на победите и го намали притисокот на плеќите на шпанскиот стратег Бенитес. Македонскиот интернационалец одигра солидни 90 минути во победата на нероаѕурите.



ГРУПА А:
Интер – Твенте 1-0, Тотенхем – Вердер 3-0


Табела: Тотенхем 10, Интер 10, Твенте 5, Вердер 2 бода.

ГРУПА Б:
Шалке – Лион 3-0, Хапоел Т.А. – Бенфика 3-0.
Табела:
Шалке 10, Лион 9, Бенфика 6, Хапоел 4 бод.

ГРУПА Ц:
Ренџерс – Манчестер Ј. 0-1, Валенсија – Бурсаспор 6-1.


Табела: Манчестер Ј. 13, Валенсија 10, Ренџерс 5, Бурсаспор 0 бодови.

ГРУПА Г:
Рубин – Копенхаген 1-0, Панатинаикос – Барселона 0-3.


Табела: Барселона 11, Копенхаген 7, Рубин 6, Панатинаикос 2 бода