Со 1/2 финалните натпревари Интер – Барселона и Баерн Минхен – Лион продолжуваат возбудувањата од Лигата на Шампиони.

Интер на Џузепе Меаца ќе го пречека бранителот на трофејот Барселона. Интер и Барселона се сретнаа во фазата по групи, на првиот натпревар ремизираа играјќи без голови додека на Ноу Камп блауграната извојува триумф од 2-0.

Ако во фудбалот постои бог, со сигурно тоа е Лионел Меси. Барселона е најака и најкомплетна екипа во светот. Никој не верува во нас дека можема да ја елиминираме Барселона, но јас верувам во невозможното. изјави екс напаѓачот на Барселона Самуел Ето.


Барселона за 1/2 финалниот натпревар во Милано допатува со автобус поради забрана за летање со авион.