Со триумфот над Милан, “кралевите“ го задржаа сто настотен ефект во групата. “Лос Бланкос“ победникот го решија во првите 15 минути од средбата со погодоците на Роналдо од слободен удар и германскиот репрезентативец Месут Озил кој постигна погодок благодарение на “несмасната“ интеревенција на Бонера.

– Сите мои фудбалери беа сјајни и на теренот и тие што беа на клупата. Добро е што во секој нареден натпревар повеќе напредуваме. Сега можам да речам дека сме компактна екипа и ја потврдивме класата која заслужуваме а за тоа и фановите не наградија за громогласен аплауз – смета Хозе Мурињо.

– Имаме девет бодови после три одиграни натпревари, наша цел е да сме први во групата. Наредното коло гостуваме во Милано ако останиме непоразени веќе сме на правиот пат – заврши “специјалниот“ Мурињо

Видео ЛШ : Три од три за Челси, топџиите пукнаа петарда, “лаганица“ за Реал

ohridnews