Во историјата на Лигата на Шампиони само пет фудбалери имаат постигнато “покер“ погодоци во еден натпревар. На синоќешниот дуел со Арсенал “малиот“ аргентинец Лионел Меси пред полниот Ноу Камп четири пати ја затресе мрежата на Алмунија.
Со ова постигнување Лионел Меси застана рамо до рамо со големите голгетери: Марко ван Бастен, Руд ван Нистерлој, Андриј Шевченко, Симоне Инзаги и Дадо Пршо. Аргентискиот репрезентативец е прв стрелец во Лигата на Шампиони со осум погодоци, зад него е “лутиот“ ривал Кристијано Роналдо со седум погодоци а на третата позиција е Вејн Руни со пет.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com