Избраниците на Феликс Магат со 3-1 го совладаа Хапоел Тел Авив и се искачија на второто место во групата. Стрелец на два погодоци од три за “сините“ е Раул Гонзалес, кој воедно ги постигна 69-от и 70-от погодок во најеминетното натпреварување Лигата на Шампиони.


Шпанскиот репрезентативец своевремено го носеше дресот на Реал Мадрид на листата на стрелци ги мина германецот Герд Милер и “неуморниот“ Филипо “пипо“ Инзаги кои имаат по 68 погодоци.



– Требаше да одиграме еден солиден меч за да ни се врати самодовербата во нас. Рекордот не е битен за мене, добро е што триумфиравме во овој натпревар – изјави скромниот Раул.

ohridnews