Карта за Москва на големото финале од ЛШ е влогот на вечерашниот реванш натпревар во полуфиналето на дуелот на непоразените во лигата. Еден тим на Олд Трафорд вечерва ќе ги заврши настапите во Лигата на Шампиони. Манчестер јунајтед победил само двапати во претходните 9 полуфиналиња, а Барселона има половичен успех во претходните 8 пати кога стигнувале до оваа фаза. Двете екипи имаат по две европски титули. Овие две екипи досега одиграле вкупно 8 меча, а Барселона е поуспешна со три победи, додека Манчестер има два триумфа. три меча завршиле нерешено.
Со пораз од големото англиско дерби (2-1) влегува манчестер Јунајтед во мечот, за кој се надеве Сер Алекс дека ќе бидат подготвени Немања Видиќ и Вејн Руни.
Откако ги загуби шансите за трофеј во Шпанија за Барселона ЛШ е единствената можност за титула. На Барса ќе и одговара и реми со погодоци. Сепак Барселона нема постигнато погодок на последните три меча, вклучувајќи го и поразот од 0-2 против Ла Коруња во Примера дивисион.
Кај гостите во тимот се враќа капитенот Карлес Пужол, но сега суспендиран е Рафаел Маркес.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com