Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд против Баерн Минхен ќе брка негатива од еден гол во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони.

Јунајтед со погодокот на најдобриот стрелец Вејн Руни поведоа на Алианц Арената, но ѓаволите не го издржаа притисокот на баварците кои преку францускиот интеранационалец Франк Рибери и хрватскиот репрезентативец Ивица Олич го свртеа резултат во нивна полза.

Менаџерот на црвените ѓаволи Сер Алекс Фергусон нема да смета на Вејн Руни кој се повреди во финишот на средбата со Баерн Минхен, додека во тимот на холандскиот стручњак , Луис ван Гал ќе се вратат Бастијан Швајнштангер и Арјен Робен кои недостасуваа во првиот од двата натпревари.

Жирондиците предводени од тандемот Гуркуф и Чамак кои заедно имаат постигнато шест погодоци на домашен терен ќе се обидата да ја анулираат предноста на Лион од првиот натпревар во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони. “Лавовите“ на Жерланд триумфираа со 3-1. Лисандро Лопез на два пати и Бастос ја затресоја мрежата додека почесниот погодок беше дело на Чамак.

Натпреварите се играат во 20.45 минути

ohridnews