Манчестер Јунајтед со “двојна“ победа над Челси обезбеди пласман во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони. “Црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд во втората епизода од англиската пресметка славеа со 2-1 и со севкупни 3-1 го визираше полуфиналето.


Почетокот на натпреварот му припадна на гостите кои преку Лампард и Ањелка се заканија кон голот на Едвин ван дер Сар. После половина час  игра “бебињата“ се разбудија и заиграа поангажирано.

По нафрлената топка на англискиот репрезентативец Вејн Руни мексиканецот Хернандез погоди но радоста на “Чичарито“ му ја скрати помошникот судија кој сигнализараше офсајд. “Црвените ѓаволи“ поведоа по акциата која започна О`ши кој одлично го пронајде ветеранот  Рајан Гигс кој како на “тацна“ го послужи  “Чичарито“.

Во второто полувреме Дидиер Дрогба го замени оспоруваниот Фернандо Торес но ситуацијата на теренот битно не се промени, средината на теренот ја контролираа фудбалерите на Јунајтед. По вториот жолт картон на бразилецот Рамиреш сонот за 1/2 финале на “сините“ стана нереалност, но така не мислеше Дидиер Дрогба кој одлично ја искористи асистенцијата на репрезентативецот на Гана, Мајкл Есиен и го врати Челси во “живот“.

Само што тргнаа од центар “црвените ѓаволи“ ја искористија збунетоста на “сините“ и  преку кореанецот Џи сунг Парк постигнаа втор погодок во мрежата на Петер Чех со што  се  пласираа во 1/2 финалето по пауза од една година.

Манчестер Јунајтед во 1/2 финалето ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Шалке и Интер. Германскиот преставник во Лигата на Шампиони има предност од 5-2 по првиот натпревар.

Мх.П.