Манчестер Јунајтед направи крупен чекор кон 1/2 финалето во Лигата на Шампиони откако со минимални 1-0 славаше над Челси на Стемфорд Бриџ. Предноста за “црвените ѓаволи“ по првиот натпревар ја донесе Вејн Руни со погодокот во првиот дел од натпреварот. 


Избраниците на Карло Анчелоти тргнаа решително во натпреварот создадавајќи прилика преку Дрогба но Ван дер Сар беше на место. По воведниот притисок “црвените ѓаволи“ се опуштија и заиграа по нотите на менаџерот Сер Алекс Фергусон.


По неколку удари од аголот топката на средината на теренот ја прифати Карик, кој со дијагонала го пронајде ветеранот Рајан Гигс овој одлично се ослободи од Босингва и го пронајде анлглискиот репрезентативец Вејн Руни кој со помош од статива е прецизен за водство на Манчестер Јунајтед.


Пред крајот на првиот дел “сините“ не искористија колосална шанса преку Торес кој ја погоди стативата а на втора Лампард биеше со левата нога но го погоди одлично поставениот Патрис Евра на линијата на голот.

Во второто полувреме “бебињата“ се повлекоа на нивната половина препуштувајќи му ја теренската иницијатива на Челси, но нерасположените фудбалери од средината на теренот не направија ништо пред голот на Ван дер Сар. Единствената шанса во вториот дел за Челси ја имаше Фернандо Торес откако биеше со глава но на висината на задачата беше Едвин ван дер Сар.


На истекот на судиското продолжение Рамиреш прифати една топка влезе во казнетиот простор беше соборен во казнетиот простор но за главниот арбитар шпанецот Маленко немаше пенал.

Реванш натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Челси се игра на 12 април на Олд Трафорд.

Мх.П.