Италијанскиот првак во последните 4 сезони,  Интер со пресврт го доби првиот од двата полуфинални натпревари со актуелниот освојувач на Лигата на шампиони – Барселона. 

Интер и “специјалниот“ Жозе Мурињо и одржаа вистинска лекција на Барселона, со одлично “маркирање“ го неутрализира најдобриот играч на светот Лионел Меси и ја разбија тактиката на Пеп Гвардиола. Македонската десетка Горан Пандев одигра фантастични и борбени 56 минути.


Нероазурите одлично се созедоа после ладниот туш по погодокот на Педро на асистенција на Максвел. По неколку пропуштени шанси на напаѓачите на Интер, Снајдер стрела прецизно кој користи додавањето на Милито.

По акцијата на Пандев, двојното додавање на Ето и Маикон, бразилскиот репрезентативец го крунисува со погодок и водство за 2-1. Холандискиот интеранционалец Снајдер бие млако со глава по центаршутот на Ето, на отпадокот натрчува Милито, кој од сомнителена ситуација ги поставува конечните 3-1.

ОhridNews