По првата пресметка во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони помеѓу Арсенал и Барселона на Емирати, “топката“ се префрла на Ноу Камп. Блауграната со погодоците на Ибрахимович имаа солидно водство, но Волкот и Фабрегас од најстрога казна го вратија Арсенал од “бездната“.

Бранителот на трофејот Барселона не може да смета на двоецот во одбраната Пујол и Пике а надвор од комбинација ќе биде и Ибрахимович. Арсен Венгер ќе ги нема “топџиите“ Фабрегас и Аршавин додека во одбраната ќе недостасува францускиот интернационалец Галас.


Интер со минимална предност ќе патува во реванш натпреварот против ЦСКА Москва во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони. Стрелецот на погодок за нероазурите беше аргентинскиот репрезентативец Диего Милито.

“Специјалниот“ Хозе Мурињо нема проблеми со повредени и казнети фудбалери. Единствениот руски преставник ЦСКА Москва во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони не може да смета на еден од подобрите фудбалери српскиот интернационалец Мирослав Красич.

ohridnews