Актуелниот континентален правак Барселона и францускиот шампион Бордо имаат причина повеќе за радост по првите натпревари од осминафиналето од Лигата на Шампиони. Барселона ремизираше со Штудгарт играјќи 1-1, Какау ги доведе домаќините во предност, додека Ибрахимовиќ го израмна резултатот. Бордо со голот на Сиани го победи Олимпијакос со 1-0.


Реванш натпреварите се играат на 17 март.