Најблиску до погодок “топџиите“ беа во судиското надополнување кога Адебајор ја погоди пречката.
Адебајор ….. Пречка! ! !
Роналдињо се најде меѓу првите единесет во каталонскиот тим, но Лео Меси е играчот кој го украде шоуто на Хемпден Парк. “Детелините“ на два пати имаа предност преку Јан Венегор оф Хеселинк и Мекгиди, но еднаш Меси и еднаш Анри се погрижија за резултатски егал. Точка на “И“ стави Меси во мин со својот втор погодок на мечот.2-3
Рајан Гигс не се радуваше на победа во својот 100 настап во Лигата на Шампиони.Но за да не го обележи овај јубилеј со пораз се погржи Карлос Тевез кој на три минути пред крајот го израмни резлутатот 1-1. Голот за водство за французите беше дело на Бензема.
Иако во сенка на “големите“ пресметки мошне интересен и богат со голови натпревар во Истанбул одиграа Фенербаче и Севиља. Со еден гол предност во Шпанија патува тимот на Зико благодарение на голот на Семих 3-2. Покрај Семих голови за Фенер постигнаа Кежаман и Лугано, со автоголот на Драчена и погодокот на Ескуде шпанците извлекоа задоволителен резулутат.
Реванш мечевите се играат на 4 Март.