Виолетовите од Фиренца извојува “пирова“ победа над баварскиот гигнат Баерн Минхен со 3-2, победа која му го отвори патот на “баварците“ меѓу најдобрите осум во Лигата на Шампиони.


Резултатот го отвори Варгас во 28 минута, а на два пати избраниците на Прандели имаа предност која ги водеше во наредната рунда. На 2-0 зголеми црногорскиот интернационалец Јоветиќ, а на неговиот гол одоговри Ван Бомел. Повторно Јоветиќ погоди за 3-1, а овај пат Робен намали на 3-2 што на крајот се покажа како конечен резултат.

Благодарение на правилото гол во гости, но и на голот од офсајд во првиот натпревар Баерн,  по подолга пауза е дел од најдобрите осум во елитната лига.

М.П.