Победата на “црвените ѓаволи“ над турскиот преставник во Лигата на Шампиони, Бурса остана во сенка поради сагата за иднината на Вејн Руни во дресот на Манчестер Јунајтед. Португалскиот репрезентативец Нани во 7-та минута од натпреварот го постигна погодокот вреден три бода и полека но сигурно се претвора во нов лидер на новите “дечки“ на Фергусон.

– Проблемот околу Руни ќе го решиме најбрзо што можеме со директорот на клубот Дејвид Гил. Запознаени се сите со тоа и не сакам да се “крева прашина“ околу иднината на напаѓачот. Ние сите добри фудбалери сакаме да ги задржиме, а тука е и Вејн Руни. Ситуацијата во која се најде нашиот фудбалер е како “крава во туѓа штала“ на момент помислувате дека е подобра од својата, но на крајот испаѓа сосема спротивното – вели “стариот лисец“, кој со “црвените ѓаволи“ освоил се ` што можеше да се освои.


Празно е местото на Руни.

Менаџерот на “бебињата“ се осврна на играта на Нани. – Се почесто ги тресе противничките мрежи. Има сјајна градба, многу храброст и сака да тренира тоа све што треба за еден фудбалер– додаде шкотланганецот.

ohridnews