Немаше изненадување во петто коло кое вечерва се одигра во Лигата на Шампиони. Во пресрет на последното коло прашање е кој ќе заврши на врвот на табелата, односно кој ќе продолжи во Уефа купот


Група Е

Виљареал-Манчестер 0-0 , Алборг-Селтик 2-1

Четвртата пресметка помеѓу Виљареал и Манчестер Ј заврши без победник и без голови 0-0. Јунајтед имаше бројчана предност во финишот од мечот кој сепак не ја валоризираше со победа. Алборг со пресврт го совлада Селтик обезбедувјаќи си пласман во Уефа купот.


Табела: Манчестер 9 бодови, Виљареал 9,
Алборг 5, Селтик 2,

Група Ф
Фиорентина-Лион 1-2, Баерн М.-Стеауа 3-0

По победите во Минхен и Фиренца, Баерн односо Лион се во нок аут фазата. Баварците убедливи против Стеауа, додека французите го искористија почетниот грч на виолетиве и по триесет минути играа има убедливо водство кое усепаа да го задржат до крајот. Во полседното шесто коло на виолетовите потребен им е бода за да презимат во фудбалска европа.



Табела: Лион 11 бодови, Баерн М. 11, Фиорентина 3, Стеауа 1

Група Г
Арсенал-Динамо 1-0 , Фенербахче-Порто 1-2

Бендтнер ги лансираше топџиите во 1/8 финалето со голот во 87 минута, Порто го совлада Фенербахче за три бода и пласман во елиминациската фаза. Во последното коло доволен им е потребен на Украинците за пласман во Уефа купот.





Табела: Арсенал 
11 бодови, Порто 9, Динамо К. 5, Фенербахче 2

Група Х
Зенит-Јувентус 0-0, БАТЕ-Реал М 0-1

Капитенот Раул ги спаси “кралевите“ во Белорусија, победа која им го осигура патот кон 1/8 финалето, претходно Зенит и Јувентус одиграа без голови, по што бранителот на трофејот во Уефа купот ќе има можност да го одбрани трофејот.



Табела: Јувентус 11 бодови, Реал Мадрид 9, Зенит 5, БАТЕ 2