Со 4-то коло од најемитното натпреварување Лигата на Шампиони почнува да се расплеткува “клопчето“ од А-Д сегментот.


Бранителот на трофејот Интер со евентуална победа над “петлите“ на Вајт Харт Лејн ќе си обезбеди пол позиција во Групата А. “Неро азурите“ триумфираа на првиот натпревар на Џузепе Меаца со фантастични 4-3. Дуелот помеѓу Вердер – Твенте ќе ги разреши дилемите кој ќе го заземе фенерот во групата.

Двојки: Тотенхем – Интер, Вердер – Твенте

Табела: Интер 7 бодови, Тотенхем 4, Вердер 2, Твенте 2.

Шалке никако да си ја пронајде формата во Бундес Лигата додека во Лигата на Шампиони се на добра врата да заиграат во нок аут фазата. Бенфика судбината ја има во свои “раце“, непоразените “лавови“ со максимален ефект патуваат на гостувањето во Лисабон.


Двојки: Бенфика – Лион, Хапоел Тел Авив – Шалке

Табела: Лион 9 бодови, Шалке 6, Бенфика 3, Хапоел 0.

Манчестер Јунајтед потешко од очекувањата го совлада турскиот преставник во Лигата на Шампиони, “црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд триумфираа со минимални 1-0. Стрелец на погодокот вреден три бода беше португалскиот репрезентатаивец Нани. Валенсија – Глазгов Ренџерс во директна пресметка ќе се борат за второт место кое води во 1/8 финалето.

Двојки: Бурсаспор – Мен Ју, Валенсија – Глазгов Ренџерс

Табела: Манчестер Јунајтед 7 бодови, Ренџерс 5, Валенсија 4, Бурсаспор 0.

По бледите изданија на почетокот од сезоната “блауграната“ полека но сигурно влегува во препознатливиот ритам. На дуелот од Примера Дивизион со Севиља в печатливо беше уиграноста на Меси и “центарфорот“ Давид Виља кои ги почастија со “една рака“ голови во својата мрежа. Се очекува токму овие двајца да ја раздрмаат одбраната на данскиот Копенхаген. Во терминот резервиран за источните екипи од Европа, Рубин Казан ќе се сретне со “фенерџијата“ Панатинаикос.


Двојки: 18:30ч Рубин – Панатенаикос, 20:45ч Копенхаген – Барселона

Табела: Барселона 7 бодови, Копенхаген 6, Рубин 2, Панатенаикос 1.

Мх.П.