Се почна како што посакуваа “ѓаволите“ откако со головите на Гибсон и Нани по седум минути играа имаа предност од 2-0. Нани со вториот гол во зголеми на 3-0, момент во кој сите го видоа Јунајтед во полуфиналето. Но така не` мислеа упорните германци кои преку Олич во финишот на првото полувреме се вратија во игра. Работите дополнитело се исокмпликуваа за “бебињата“ по вториот жолт, автоматски црвен картон за Рафаел на стартот на вториот дел. “Баварците“ притиснаа и до погодокот вреден полуфинале стигнаа преку Арјен Робен дваесет минути пред крајот.
Фергусон се обиде со серија измени да стигне до нов погодок кој би ја отворил вратата од полуфиналето, но патот на минатогодишниот финалист заврши Олд Трафорд.