Најдобриот македонски фудбалер во моментов Горан Пандев речи си и да нема ден а да не биде поврзан со некој нов клуб. Сакајќи да им стави крај на сите овие шпекулации се огласи преседателот на Лацио Кладудио Лотито.

Лотито вели дека римскиот тим нема да се откаже од услугите на Пандев барем до крајот на оваа сезона, со што отпаѓа варијантата да замине во Њукасл, каде менаџерот Кевин Киган се обиде да го донесе како прво посериозно засилување.
Лотито претходно мораше да потврди дека Пандев нема да замине во екипата на Баерн Минхен.  

Во ¼ финалето на Италијанскиот куп Пандев беше во тимот на Лацио кој со 2-1 предност патува на реваншот во Фиренца.

 

Викендов Пандев и Лацио му гостуваат на Торино. Во небесно синиот дрес свое деби се очекува да има Роландо Бјанки кој го напушти Манчестер Сити и се врати во родната Италија.