Португалската Брага го совлада англискиот гигант Ливерпул со 1-0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа. Стрелец на единствениот гол беше Алан во 16 минута од пенал. За португалскиот тим ова нивниот 100 погодок во европските натпреварувања. Кај “црвените“ дебитираше ново засилување Енди Керол но без некој поголем ефект.


szólj hozzá: Bra 1-0 Liv

Виљареал го изненади Леверкузен на гостувањето, откако со гол во последната минута од мечот го совлада со 3-2. “Фармацевтите“ поведоа преку Кадлец , Роси изедначи на 1-1, а Нилмар зголеми на 2-1,  Гастро ги изедначи бројките на семафорот, но Нилмар со вториот погодок на мечот ја однесе победата во Шпанија.

Минимален триумф кој доста веројатно ќе значи четвртфинале за Порто во Москва против ЦСКА благодарение на Гуарин во 70 минута. Единствениот натпревар без голови го одиграа ПСВ против Глазгов Ренџерс.

Реванш натпреварите се играат за седум дена.

Резултати: Брага – Ливерпул 1-0, Баер – Виљареал 2-3, ПСВ – Ренџерс 0-0, ЦСКА – Порто 0-1.

Ohridnews