По Лига купот, фудбалерите на Ливерпул го освоија и ФА купот, најголем по значење во Англија. И овој пат, како и во финалето од Лига купот, избраниците на Јирген Клоп беа подобри од Челзи по изведување на пенали, откако во возбудлив меч со бројни шанси на обете страни основните 90 и екстра триесетте минути не донесоа голови.

Пенал серијата успешно ја отворија Алонсо и Милнер, а веќе во вторатра серија Аспиликуета ја погоди стативата, а Алкантара донесе предност за Ливерпул. Сигурни од белата точка беа Џејмс, Фирмино, Баркли, Тренд Александар Арнолд и Жоржињо, но Мане не успеа да го реализира одлучувачкиот пенал. Поуспешен од него беше голманот на Челзи Менди и колега на Мане од репрезентацијата на Сенегал. Клучниот момент се случи во седмата серија. Алисон го одбрани пеналот на Маунт, а Цимикас беше сигурен од белата точка за славје на црвените. Претходно сигурни изведувачи на пенали беа Зиеш и Жота.

Ливерпул беше поблиску до победата во регуларниот дел од мечот, а најголемата шанса за гол ја имаше бекот Робертсон кој по извонредното нафрлување од Милнер од само неколку метри ја погоди стативата.

За Ливерпул ова е прв трофеј во ФА купот по 16 години. Црвените од Енфилд се во трка за уште два трофеја сезонава. На 28 мај во финалето од Лигата на шампиони во Париз, Ливерпул ќе се сретне со Реал Мадрид, а во првенството момците на Клоп на две кола до крајот заостануваат три бода зад Манчестер Сити.

Г.М.