Фудбалерите на Ливерпул, распукаа со сите расположливи средства на „Селхруст Парк“, совладувајќи го Кристал Палас со 7-0 (3-0), во воведниот меч од 14-та рунда во Премиер лигата.
„Црвените“ од Енфлид голеадата ја најавија во 3-та минута кога Такуми Минамино го отвори резултатот. До крајот на првиот дел, Ливерпул постигна уште два погодоци за водство од 3-0. Стрелци на головите беа Садио Мане и Фирмино. Гол=шоуто продолжи во вторите 45 минути. На 4-0 зголеми капитенот Џордан Хендерсон, а за 5-0 прецизен беше Фирмино. Мо Салах кој влезе во вториот дел со два погодоци стави печат на убедливата и рекордната победа сезонава во англиското фудбалско друштво.
Ливерпул со освојување на трите бодови се одлепи на шест поени од второпласираниот Тотенхем кој има натпревар помалку.
OhridNews