Аргентинецот во дресот на Барселона, Лионел Меси ја испишува историјата во клубот. Меси кој има само 23 години на листата на стрелци го претекна Жозеф Есколу по постигнатиот хет трик со Атлетико Мадрид, десетката на “блауграната“ дојде до бројката 167.


На листата најдобри голгетери во Барселона води Цезар Родригез со 235 погодоци, втор е Ласло Кубала со 196 додека на третото место е Жозеф Самитер со 178.

Лионел Меси во оваа сезона во “Ла Лига“ има постигнато 24 подоци на 19 натпревари го дели првото место со португалецот Кристијано Роналдо. Аргентинецот на четири натпревари постигнал по три погодоци.

Мх.П.