Познати се 1/2 финалистите во Лига на Европа. Најтрофејниот англиски претставник Ливерпул и најпријатното изненадување Фулам ја одбранија честа на “гордиот албион“. Друштво помеѓу четирите најдобри ќе  им прават Хамбургер и Атлетико Мадрид.

Избраниците на Рој Хоџсон со минимални 1-0 го совладаа актуелниот шампион во Бундес Лигата Волфзбург. Кандидатот за англискиот дрес Боби Замора беше прецизен уште во првата минута од натпреварот. Фулам со севкупни 3-1 се пласираше во 1/2 финалето.

Ливерпул и се реваншираа за поразот на Бенфика пред една седмица и со победа од 4-1 се пласираа во 1/2 финалето. Холандскиот репрезентативец Дирк Кајт го отвори резултатот после половина час игра, Леива по одличната асистенција на капитенот Џерард зголемува на 2-0, шпанскиот интернационалец во дресот на црвените Фернандо Торес “натрча“ на проигрувањето на Кајт за 3-0, Кардозо од слободен удар влеа малце надеж за “орлите“, Фернандо Торес со вториот погодок го потврди пласманот на Ливерпул во 1/2 финалето.


Резултати: Волфзбург – Фулам 0-1 (1-2), Ливерпул – Бенфика 4-1 (1-2), Стандард – Хамбургер 1-3 (1-2), Атлетико Мадрид – Валенсија 0-0 (2-2). Во заградите се резултатите од првите натпревари.

Полуфиналните натпревари се играат на 22 април.

ОhridNews