„Што правев зад голот?“ Ха, ха, ха, беше се што кажа голманот на Штутгарт (40) за „повикот на природата“ на мечот против Униреа, натпревар од лигата на Шампиони, кој неговиот тим го доби со 3-1 и се пласираше во осминафиналето.

Леман, не можејќи повеќе да издржи го напушти својот гол, го прескокна рекламниот ѕид и се измокри врз рекламите. Тајмингот го погоди. Заврши кога Романците ја минаа половината и го градеа својот напад. За среќа не видоа дека голот е празен.

Не сакаше Леман да зборува за мокрењето, но кажа нешто за натпреварот и желбите за она што следи: Голема работа е што сме во осминафиналето. Без двоумење сакам дуел со мојот бивш клуб Арсенал“, изјави Леман.