Лекарите од специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо во Охрид, деновиве извршија сложена операција на мозок над возрасен пациент од кој бил изваден тумор со дијаметар од 15-на сантиметри, најголем досега во Македонија.
лекарите од Коснозглобна извадија најголем тумор во Македонија
Веќе осум години во Коснозглобна се работи на создадевање високо стручна анестезиолошка служба која располага со современа апаратура за интензивно следење на најтешките болнички случаи, ни изјави д-р Харалампие Шокаревски, анестезиолог – реаниматор.
Нурохируршкото одделение во специјалната болница за ортопедија и трауматологија во Охрид од 2001 година до денес има извршено 250 неурохируршки операции, од што 50-на операции на мозок кај кои смртноста во светски рамки е околу 60%. Со најавеното доопремување на болницата со магнетната резонанца и други современи апарати, се очекува болницата Свети Еразмо да го продолжи успешниот развој во регионален здравствен центар каде услугите покрај македонските граѓани се повеќе ги користат и пациенти од соседна Албанија и Косово.