Победа и реми е исходот што го остварија фудбалерите на Работнички и Тетекс по одигрувањето на првиот натпревар од второто коло во УЕФА Европа Лигата.

 

На националната арена „Филип Втори“ во Скопје, најдобриот евромакедонски преставник  го совлада ерменскиот претставник Мика минимално со 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Вандаир на три минути пред крајот на средбата. Овој минимален триумф е одличен резултат, бидејќи Работнички од 38 минута играше со фудбалер помалку, откако беше исклучен Лопес. Реваншот е закажан за седум дена во Ереван, каде домаќин ќе биде Мика.


Победникот во македонскиот Куп, екипата на Тетекс, остана непоразена во дебитантскиот настап на меѓународна фудбалска сцена. Тетовчани на гостувањето во Летонија кај поискусниот Вентспилс, остварија реми без голови 0:0. Следниот четврток е реваншот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Ohridnews